Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сите 163 тестирани средношколци во скринингот се негативни на корона

/

пред 1812 дена

Сподели преку :

68 ученици од средното училише „Зеф Љуш Марку“ и 95 од Средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ се негативни на корона, покажало скрининг тестирањето во овие две скопски средни училишта.

-Иницијативата за скринингот за Ковид-19 е добра и за нас и за нашите ученици, за да бидеме сигурни дека тие се негативни за нашата безбедност. За сите тестирани ученици резултатите ни ги кажаа здравствените работници кои беа дојдени во нашето училиште, сите беа негативни и не израдува веста дека сите се негативни. Oд МОН предложија три листи по 69 ученици. Од првата листа не добивме согласност од родителите, па потоа од втората или од третата листа ги надокнадивме бројките на ученици. Имаше некои што не се согласуваа и ги почитуваме нивните мислења, но повеќе дадоа согласност и учениците се тестирани и имаат негативен резултат, изјави Ајше Беќировска, специјален едукатор и рехабилитатор во средното училиште „Зеф Љуш Марку“.