Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Штипското инфективно за само еден ден исполнето до последно место

/

пред 1804 дена

Сподели преку :

Штипскиот Ковид центар повторно под притисок од пациенти, само вчера се хоспитализирани 10 нови пациенти, а во дневната амбуланта имало 78 прегледи. Во Инфективното, кое од вчера повторно е ставено во функција се лекуваат 44 пациенти, најмладиот има 35 години, а 33 се на кислородна поддршка.

Модуларната болница е испразнета и засега е ставена под клуч. Оваа зграда се реконструираше со европски пари, а доби нова насада, прозорци, но и противпожарен систем и централен довод за кислород до секој болнички кревет.

За реконструкција во внатрешниот дел на инфективното  повторно ќе се бараат пари од европските фондови. Инфектолозите апелираат граѓаните да се измунизираат бидејќи околу 80 % од пациентите кои се лекуваат во ковид центарот немаат примено ниту прва доза на вакцина.

Викторија Јованова