Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шпанија ќе донира 50 милиони вакцини за сиромашните земји

/

пред 1800 дена

Сподели преку :

Шпанскиот премиер Педро Санчез соопшти дека неговата земја ќе донира 50 милиони вакцини за сиромашните земји во светот, односно 20 милиони повеќе од претходно најавеното.

По средбата на Г-20 во Рим, Санчез прецизираше дека вакцините ќе бидат испорачани во периодот од јануари до март следната година.

Сепак тој потенцираше дека тие донации нема да бидат доволни и оти ќе биде неопходно да се зголеми производството во светот. Шпанскиот премиер, исто така, побара да се најде начин за урамнотежени решенија во врска за патентирањето на вакцините.

Во Шпанија досега се вакцинирани 37,3 милиони од вкупно 47 милиони жители, односно 78,5 отсто од населението. Меѓу популацијата постара од 12 години, со две дози вакцинирани се 88 отсто од жителите.