Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Коалиционите партнери во мисија на разубедување на Заев да не дава оставка

/

пред 1817 дена

Сподели преку :

Три часа коалиционите партнери се обидувале да го разубедат премиерот да не ја поднесува оставката и официјално. На средбата на која ги повика тој самиот, за да разговараат за идните чекори, откако синоќа најави дека се повлекува, и од државната, и од партиската функција, барале од него да се предомисли. Сметаат дека одлуката му е избрзана и донесена во емотивен момент.

Најголеми противници на оставката се ДУИ и БЕСА. Вицепремиерот Груби и синоќа, по изборните резултати, беше во седиштето на СДСМ, во мисија да влијае на премиерот да не носи избрзани одлуки.

Помалите коалициони партнери не се толку категорични во барањето Заев да не поднесува оставка. Сметаат дека тоа е негов личен и морален чин, но сепак се против предвремени парламентарни избори.

Премиерот не даде изјава по средбата. Од владината прес-служба соопштија дека, парламентарното мнозинство е стабилно и одговорно кон иднината на државата и народот. Зеднички е констатирано дека, не се потребни предвремени парламентарни избори, кои единствено би ја втурнале земјата во политичка, економска, општествена и безбедносна криза, но и ќе ги закочат процесите на европската интеграција.

Далиборка Дамјанска Цветановска