Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Техничка грешка во законот за локална самоуправа направи скандал во советите

/

пред 1816 дена

Сподели преку :

Деветмината штипски советници од СДСМ ќе чекаат да се коригира свечената изјава, па ќе ја дадат заклетвата на седница на Советот на општината.

Не коригирана изјава во Законот за локална самоуправа, која општинските служби само  ја испечатиле донесе тензии и расправии во Советите на Штип и Аеродром.

На изјавата се уште стои   Република Македонија , а не новото уставно име Република Северна Македонија.

Според деветмината советници од опозицијата доколку се даде свечена изјава, какошто службите им ги изготвиле ќе одат против Уставот, додека пак според мнозинството од ВМРО ДПМНЕ изјавата е согласно Законот за локална самоуправа каде не се направени измени.

Мнозинството советници од ВМРО ДПМНЕ ја искористија некоригираната изјава и си ги дадоа свечените изјави, како што им беше и напишано.

Опозицијата пак ќе бара и правно толкување,  бидејќи стојат на ставот деа мнозинството постапило спротивно на Уставот и статутот на општината.

Викторија Јованова

Повеќе информации во вестите во 12:30