Македонската машка ракометна репрезентација го одржа тренингот пред заминувањето за Египет каде во рамките на ЕХФ неделата ќе одигра контролни натпревари со селекцијата на Египет.
Со двата дуели што ќе ги одиграме на 4 и 6 ноември ракометарите ги почнуваат подготовките за настап на претстојното Европско првенство што следната година ќе се одржи во Унгарија и Словачка.
ФОТО: Игор Паневски






















