Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинетиот градоначалник Стевчо Јакимовски се врати во суд- ги обвинува медиумите зошто го следат предметот за над 700.000 евра штета направена од него

/

пред 1813 дена

Сподели преку :

Рочиштето за предметот во кој актуелниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување, што требаше да се одржи денеска, е одложено.

Обвинетиот Стевчо Јакимовски, до Судот приложи документација дека целото семејство на неговиот адвокат е позитивно на Ковид-19 и затоа и тој во моментов се наоѓа во изолација.

Од Судот дополнуваат дека поради заштита од ширење на коронавирусот, судијата Осман Шабани го одложи рочиштето за 23 ноември.

На заминување од судот, обвинетиот градоначалник Јакимовски на новинарски прашања возврати со обвинувањата кон новинарите.

Тој смета дека денешното присуство на новинарите и на набљудувачите е како што вели „оркестрирано од еден центар“ бидејќи им пречела неговата победа во општина Карпош.

-Повеќе од две години сум во судот, а вас ве нема и не доаѓавте на рочишта. Сега ме прозивате за вина. Јас одговорно тврдам дека сум работел чесно, рече Јакимовски кој прашањата за неговата одговорност за злоупотреба на над 700 илјади евра од општинскиот и државниот буџет ги нарече смешни.

Јакимовски не е сам на обвинителната клупа туку со него се обвинети уште 5-мина службеници во опшштина Карпош, досека други петмина ја признаа вината за заедничкото обвинение со градоначалникот.

Ова е второ рочиште откако судењето почна од почеток затоа што претходниот судија беше разрешен. И двете рочишта се одложени, а слично сценарио беше и во првото судење кога за година и половина судскиот процес стигна до доказна постапка, па беше вратено на почетокот.

Според обвинението, во периодот од 2011 до 2017 година, како службено лице – градоначалник, Јакимовски во повеќе наврати ја злоупотребил службената положба и овластување во постапки за јавна набавка и во постапка за легализација на времени објекти од деловен карактер и приватизација на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија.