Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тетовски средношколци протестираа барајќи подобри услови и почитување на протоколите за заштита од Ковид-19

/

пред 1796 дена

Сподели преку :

На протестен собир денес средношколците од трета и четврта година на настава на македонски јазик во гимазијата и во економското училиште во Тетово, алармираа на опасноста на ширење на заразата со Ковид-19 во превозните средства. Велат дека во нив не се почитуваат протоколите и често има преголем број патници, поради што учениците од селата се изложени на ризик. Покрај тоа бараат и поголема хигиена во училиштата.

И родителите стравуваат, особено по веста за смртта на 16-годишното девојче како последица од Ковид-19, кое беше ученичка во економското училиште. Бараат решавање на проблемот со превозот, но и онлајн настава за време на пикот на пандемијата.

Од новото раководство на локалната самоуправа велат дека досега не биле запознаени со барањата на средношколците и родителите и ги повикаа на заедничка средба за изнаоѓање решение.

Данијела Билбилоска