Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хендерсон е најдобар фудбалер во Премиерлигата според новинарите

/

пред 2262 дена

Сподели преку :

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон е прогласен за најдобар фудбалер во Премиерлигата за оваа сезона 2019/2020 од Асоцијацијата на фудбалски новинари. Англичанецот беше еден од најстандардните фудбалери на „црвените“ во нивниот поход кон првата титула во ерата на Премиерлигата.

Хендерсон до најстарата индивидуална награда во Англија ги победи Кевин де Брајне од Манчестер сити, Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед, како и тимските колеги Вирџил ван Дајк и Садио Мане. Гласови добија и Трент-Александер Арнолд и Алисон Бекер исто така од Ливерпул.

Фудбалерот им се заблагодари на своите соиграчи и го подели признанието со нив. Оваа награда за „Фубалер на годината“ од спортските новинари во Англија се доделува уште од 1948 година, а прв добитник беше сер Стенли Метјуз.