Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Политичка разрешница утре напладне?!

/

пред 1811 дена

Сподели преку :

До утре во 14.30 часот Мицкоски ќе го чека Заев да ја поднесе оставката во Собранието. Ако не го стори тоа, тој ќе ја поднесе иницијативата за гласање на недоверба на владата, на која стојат 61 потпис од пратеници.

Мицкоски ги демантираше објавите дека пратеникот на Алијанса за Албанците, Скендер Реџепи се пожалил на злоупотреба на неговиот потпис и дека ќе го повлече истиот.

Ги повика сите пратеници кои мислат дека владата на Заев не е добра, да им се придружат. Верува дека ќе се решат и несогласувањата меѓу дел од партиите кои се потпишаа за ново мнозинство, затоа што, како што вели, треба да се гледа колективниот интерес.

Од СДСМ молчат. Никој не информира дали и кога премиерот ќе ја поднесе оставката. Во партиското соопштение, повторно изразија скептицизам за најавеното ново парламентарно мнозинство.

Деновиве во партијата ќе заседава Ивршниот одбор, кој треба да ги констатира оставките на раководството. По ова, имаат рок од 15 дена, да распишат вонредни партиски избори.

Далиборка Демјанска Цветановска