Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Силно невреме во Загреб, поплавени улици и згради

/

пред 2261 дена

Сподели преку :

Загреб синоќа беше погоден од силна бура, која предизвика поплави во делови на главниот град на Хрватска. Дождот во Загреб почнал да врне околу 21 часот, што набрзо прерасна во бура, проследена со силен ветер и молњи. Одделни трамвајски линии беа во прекин, голем број улици беа поплавени и поради тоа непроодни, а локалните власти им препорачаа на граѓаните да не се движат со автомобили.
Противпожарните и дежурните служби цела ноќ биле на терен. Тие извршиле над стотина интервенции, а при една од нив почина и пожарникар, кому му се слошило.
Поплавени се и делови од трговски центри, а голем број возила останаа заглавени под подвозниците. Од невреме во послаб обем беа погодени и северна Далмација и Истра.