Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Двајца починати на 35 и 38 години во Штипскиот ковид центар

/

пред 1793 дена

Сподели преку :

Двајца мажи едниот од Берово, другиот од Штип на возраст од 35 и 38 години починаа во штипскиот Ковид-центар, информира за Телма портпаролката на болница, Марина Шуманска.

35-годишниот беровчанец бил хоспитализиран само пред три дена, односно во четвртокот, а 38-годишниот штипјанец во ковид центарот се лекувал од 28 минатиот месец, двајцата починале вчера.

Штипскиот Ковид-центар веќе десетина дена континуирано се полни со пациенти од источниот регион. Во Инфективното одделение се хоспитализирани 54 пациенти, од кои 48 се на кисолородна поддршка, а на Кожното одделение се лекуваат девет пациенти. Во штипскиот Ковид центар има шест слободни болнички кревети.