Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Повлечени 17 потписи од иницијативата за гласање на недоверба на Владата – од Левица потпишан само Апасиев

/

пред 1808 дена

Сподели преку :

Со техничка корекција, на веќе поднесената иницијатива за гласање на недовреба на владата, ВМРО-ДПМНЕ ќе го бајпасира барањето на пратеникот на Алтернатива Скендер Реџепи – Зејд на иницијативата да ги нема потписите на пратениците од Левица, а сепак гласањето за недоверба на владата да се одржи во веќе закажаниот термин – утре.

Од најголемата опозициска партија велат дека техничката корекција не значи нова иницијатива  што би повлекло нови рокови за гласање. Од таму се децидни, утре ќе се гласа.

„Утре ќе се гласа недоверба на владата во оставка и на премиерот во оставка, Зоран Заев. Иницијативата останува, а Деловникот дозволува истата технички да биде корегирана без да бидат направени пореметувања во роковите за нејзиното гласање. Ќе направиме техничка корекција која што ќе даде простор на одредени пратеници кои што имаа забелешки да се пронајдат себе си во списокот и да гласаат против владата на заев“, рече Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Техничката корекција на иницијативата, како што информираше Милошоски, е повлекување на потписите на дел од пратениците од иницијативата, што било договорено на координација меѓу политичките партии кои се потпишале на иницијативата.

Од Собранието попладнево стигна потврда за повлекување на 17 пратеници од иницијативата. Сепак на списокот на пратениците кои се повлекуваат потпишан е само еден пратеник од Левица, Димитар Апасиев. Името на вториот пратеник на Левица, Бранислав Крмов, не е меѓу они кои се повлекле од иницијативата.

Претседателот на Собранието Татал Џафери за Телма информираше дека утре иницијативата ќе биде ставена на дневен ред на Собранието. Откако дневниот ред ќе биде усвоен со неопходните 61 пратеник расправата за недоверба на владата ќе стартува, а ќе мора да финишира со гласање до полноќ.

Тамара Грнчароска