Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Гласен текстилец“: Не постои волја од институциите да затвораат погони заради коронавирусот во Штип

/

пред 2260 дена

Сподели преку :

Граѓанските активисти бараат, работниците од страв молчат зад машините , а газдите одбиваат да ги затворат погоните привремено додека не ја надминат корона кризата.  Од невладината „Глесен текстилец“ бараат од државниот инспекторат за здравство наместо иснпекциски упади и казни да ги затвори погоните. Короната во Штип зема замав, и се шири во се повеќе погони

Одговорот на првиот човек на инспекторат е дека уредно го известиле кризниот штаб во Штип за нивните надлежности и законски можности. Проблем е што членот околу постапувањето може да се толкува различно затоа што законите се носени пред појавата на пандемија од ваков обем.

Штип освен градот на текстилот го превзема и приматот на корона жариште. Од 734 случаи, повеќе од половина од пациентите сеуште се позитивни на вирусот. Текстилниот кластер зема замав и изминативе денови влезе во нови 6 конфекции со случај или два. За разлика од религиозните збиднувања, собиранки, и забави на младите Штип е град во кој короната експлозивно се рашири меѓу работниците во погоните. Колективниот транспортот на работниците  и непочитувањето на препораките за дистанца сега се регулира со полиција. „Гласен текстилец“, бара да престанат и обвинувањата кон работниците и стигматизирањето дека тие се виновни за ширењто на вирусот.

Павле Беловски