Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Украина нуди парична награда за вакцинација против Ковид-19

/

пред 1785 дена

Сподели преку :

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предложи награда за Украинците кои примиле две дози вакцини против коронавирус. Мерката е донесена со цел да се охрабрат останатите граѓани да се вакцинираат.

– Секој што ќе прими две дози ќе добие по 1.000 гривни (околу 35 евра), најави Зеленски.

Наградата е понудена во момент кога само една третина од Украинците се целосно вакцинирани. Сумата може да се потроши во спортски сали, кина, театри, музеи или патување со воз или авион низ земјата. На овој начин ќе се поддржат и индустриите погодени од корона-кризата.