Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рекорден број новозаразени случаи во Унгарија

/

пред 1774 дена

Сподели преку :

Рекордни 12.637 новозаразени случаи со Ковид-19 се потврдени во изминатите 24 часа во Унгарија, додека починале 176 лица, соопшти денеска унгарската Влада.

Од почетокот на пандемијата, во земјата се регистрирани над еден милион инфекции и 33.519 смртни случаи.

Унгарија, каде стапката на вакцинација заостанува зад просекот на Европската унија, минатата недела воведе нови рестриктивни мерки против коронавирусот.

Владата на премиерот Виктор Орбан, која е против натамошно затворање поради страв од последици за економијата, оваа недела започна кампања за вакцинација.

Денешните владини податоци покажуваат дека 5,81 милиони луѓе, или нешто помалку од 60 отсто од населението, се целосно вакцинирани, додека 2,04 милиони лица ја примиле засилувачката доза од вакцината.

Унгарија воведе задолжителна трета доза на вакцината против Ковид-19 за здравствените работници.

Владата на премиерот Орбан, исто така, им дозволи на компаниите сами да прогласат задолжителна имунизација против коронавирусот за нивните работници.