Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Оставката на Заев утре пред Централниот одбор на СДСМ

/

пред 1773 дена

Сподели преку :

СДСМ утревечер треба да одржи состанок на Централниот одбор, кој поради тридневната жалост беше одложен, а на кој се очекува оставка на претседателот на партијата и премиер Зоран Заев.

Доколку се случи тоа, почнува постапката за избор на нов претседател на партијата.  Според статутот на партијата, почнува рокот од 15 дена за распишување внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ. Изборите се непосредни, со тајно гласање за сите пријавени членови. Новиот претседател, како што најави самиот Заев, треба да биде и мандатар на новата влада. Во јавноста веќе кружат неофицијални имиња за иден премиер.

Исто така, дел од членството на СДСМ не ја поддржува оставката на Заев најавена по завршувањето на локалните избори, кога партијата изгуби повеќе градоначалнички места.

Во меѓувреме, се работеше и на зајакнување на парламентарото мнозинство, откако не успеа обидот за изгласување недоверба на Владата на Заев. Така, утревечер заседава и Алтернатива чие централно претседателство треба да одлучи дали ќе ја прифати понудата на Заев да биде дел од Владата во наредниот период.