Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Интерпол го избра Ахмед Насер Ал Раиси за претседател

/

пред 1773 дена

Сподели преку :

Ахмед Насер Ал Раиси од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) е избран за претседател на Интерпол, објави меѓународната полициска организација на Твитер.

На третиот ден од 89. Генерално собрание на Интерпол во Истанбул се одржа гласање за избор на нов претседател и членови на извршниот комитет на Интерпол.

Според резултатите од изборите, Ал Раиси ќе ја извршува функцијата претседател на Интерпол во следниот четиригодишен мандат, соопшти организацијата.

Извршниот комитет на Интерпол го надгледува спроведувањето на одлуките на Генералното собрание.

Извршниот комитет од 13 члена, вклучувајќи претседател, потпретседатели и делегати, ги претставува четирите региони на Интерпол.