Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Двајца од преживеаните патници утре ќе бидат префрлени во Македонија, потврдија од МЗ

/

пред 1772 дена

Сподели преку :

Двајца од 7-те преживеани патници во несреќата што се случи во Бугарија утре ќе бидат префрлени во Македонија.

Од Министерството за здравство потврдија за Телма дека утре ќе бидат донесени најмладата преживеана патничка, 16-годишно девојче и уште еден полнолетен граѓанин.

Тие се во најдобра состојба, а бугарските лекари од болницата „Пирогов“ уште во средата најавија дека пациентите кои се во најдобра состојба ќе бидат пратени во Македонија до крајот на неделата.

Останатите 5-мина преживеани се во добра и стабилна состојба и се опоравуваат по извршените зафати во болницата.