Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Герила прелет над Скопје – Се гледа корупција!

/

пред 1771 дена

Сподели преку :

Прелет на авион над Скопје ја заинтригира денеска јавноста со пораката која се виореше зад опашката на леталото.

Се гледа корупцијата, пишуваше на платното кое беше истакнато зад авионот кој прелетуваше над Скопје во повеќе различни правци.

Герила акција со порака која погаѓа во нерв во ситуацијата во која се наоѓа нашата држава, особено по повеќето скандали и трагедии кои се случија во Македонија а кои разоткрија серија пропусти и слабости во функционирањето на системот а кои сугерираат коруптивно работење.

 

Засега нема информации кој стои зад авионскиот лет, дали станува збор за политичка партија, невладина организација или можеби граѓанин изреволтиран од корупцијата.