Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕСМ прави пресметки за цената на струјата – Владата ќе одлучува во вторник

/

пред 1770 дена

Сподели преку :

Државната компанија ЕСМ прави пресметки по која цена од јануари ќе ја продава струјата на ЕВН. Речиси е извесно дека ќе се бара зголемување, што пак е очекувано да влијаело на крајната цена што ја плаќаат граѓаните.

Сепак, според информациите на Телма, дали ЕСМ ќе ја зголеми цената кон ЕВН – Владата ќе одлучува на седница во вторник.

Сега,  цената по која државните електрани ја продваат електричната енергија на Универзалниот снабдувач е 36 евра за мегават, а на пазарите се продава и за цени поголеми од  200 евра за мегават час.

Конечната одлука за крајната цена на струјата што ја плаќаат граѓаните ја носи Регулаторната комисија за енергетика.