Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Топ Тема – Најнови информации за истрагата околу трагичната автобуска несреќа во Бугарија

/

пред 1769 дена

Сподели преку :

Беким Хаџиу , сопственикот на Беса Транс бил во еден од автобусите како втор возач кои се враќале од кобната ексурзија од Истанбул . Неговите деца биле во четвртиот автобус.
Но сите четири автобуси не возеле во конвој туку разделени па не ја виделе несреќата. Третиот автобус каде се случи страотниот пожар практично возел зад останатите.
Овие сознанија за Телма ги кажа во интервју обвинителката Вилма Русковска која ги сослушала сите возачи на автобусите.
Сопственикот на Беса Транс се уште не е сослушан од скопското обвинителство тој е во Бугарија.
,, Дали и кога ќе го испрашаме сопственикот на “Беса Транс” , тоа е техничко прашање на истрагата битно е да прибереме доволно докази и потоа испрашувањето на ова лице да биде во согласност со потребите на истрагата без разлика дали таа се води тука или во Бугарија ,,  – изјави за Tоп Тема за Телма обвинителот Владимир Милошески кој ја води во скопското обвинителство предистрагата за “Беса Транс”.
Во Топ Тема во 19.15 на Телма со Снежана Лупевска Созен, интервју и со директорот на судска медицина Александар Станков за очекувањата од ДНК анализата и со поранешниот пратеник Павле Богоевски.
https://youtu.be/aHH8PrJhL94