Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Гаши: Како млад имав бенд кој се викаше „Празни џебови“

/

пред 1763 дена

Сподели преку :

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши рече дека во младите денови формирал музички бенд кој се викал „Празни џебови“. На прашање, пак до Гаши, што ќе каже сега збунетиот албански гласач кога тој „договорил да си ги наполни џебовите партиципирајќи во централната власт“, а веќе кажа дека на локално ниво ќе соработува со Алијанса и ВМРО-ДПМНЕ, Гаши одговори:

„Јас како млад учествував во формирање бенд ‘Празни џебови’. Не го сметам влегувањето во политиката за полнење џебови. Се додека така мисли јавноста, успех нема да има“.

Гаши претходно вети дека нема да биде политичар што уценува, особено не за прашања од највисок интерес за државата.

„Јас никогаш нема да уценувам“, рече најновиот член на Владата.