Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хамилтон славеше во Џеда: Шампионот ќе го одлучи последната трка во Абу Даби

/

пред 1763 дена

Сподели преку :

Последната сезонска трка следната недела во Абу Даби ќе го реши шампионот во Формула 1 за 2021 година. Луис Хамилтон и Макс Ферстапен во последниот натпреварувачки викенд влегуваат со ист број бодови.

Луис Хамилтон триумфираше на историското прво гран при на Саудиска Арабија низ улиците на Џеда. Пилотот на Мерцедес дојде до својата 103-та победа во кариерата во трка која ќе биде запаметена по трите рестартови и дуелите со Макс Ферстапен. Двајцата ривали имаа два контакти. За првиот Холанѓанецот беше казнет со пет секунди откако кратко излезе од патеката, па мораше да му го препушти лидерското место на Хамилтон на осум круга до крајот. За вториот инцидент, кога Хамилтон го удри одзади Ферстапен, стујардите објавија дека ќе одлучат по завршувањето на трката.

Третото место на подиумот денеска го обезбеди Валтери Ботас, кој во фото-финиш успеа да го претекне Естебан Окон во болидот на Алпин.

Поени освоија и Даниел Рикардо, Пјер Гасли, двоецот на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Сајнц јуниор, како и Антонио Џовинаци и Ландо Норис.

Во последната трка во Абу Даби, Ферстапен и Хамилтон влегуваат со ист број бодови 369,5.