Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Синдикатите бараат присилна наплата на украдените плати

/

пред 2257 дена

Сподели преку :

УЈП без одложување и во најкус можен рок, да изврши присилна наплата на платите на работниците во фирмите кои добиле државна финансиска поддршка, а не ги исплатиле плартите и заедно со Државниот инспекторат за труд на тие работодавачи да им изрече глоба за сторен прекршок и да ги задолжи  да ги вратат добиените државни финансиски средства – бараат во заедничко писмо Синдикатите и неколку граѓански здруженија.

„Бараме Основното јавно обвинителство да покрене постапка по допрен глас против сите работодавачи кои добиле државна финансиска поддршка, а не им исплатиле плати на своите работодавачи за сторено кривично дело измама по чл. 247 од Кривичниот законик. Владата како носител на мерката и исплатувач на државната финансиска поддршка јавно да ги објави фирмите кои ја користеле државната финансиска поддршка, а не им исплатиле плати на своите вработени“ – пишува во заедничкото сооопштение.