Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Димитров: Република Северна Македонија не е подготвена да ги почне преговорите за влез во Европската Унија

/

пред 1761 дена

Сподели преку :

Бугарскиот копретседавач со бугарско-македонската историска комисија вели дека Бугарија повеќе од сите сака да ја види Македонија во ЕУ, но засега нема основа за такво нешто и додава дека политичарите ја имаат сета одговорност кога се во прашање билатералните односи

Тешко дека има земја која повеќе од Бугарија сака Република Северна Македонија да пристапи во Европската Унија. Но, секогаш има големо „но“, а тоа се одредува од подготвеноста на земјата кандидат. Би сакал да кажам дека РСМ е подготвена да може да започне преговори за ова прашање, но не гледам основа за такво нешто, вели за БНТ копретседателот на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски прашања со Македонија, Ангел Димитров.

Тој смета дека политичарите се секогаш на потег кога се во прашање билатералните односи.

Димитров вели дека следниот состанок на Заедничката историска комисија ќе се одржи в четврток.