Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Што се очекува од видео средбата Бајден – Путин?

/

пред 1761 дена

Сподели преку :

Тензиите околу Украина е темата за која ќе разговараат Бајден и Путин на долгоочекуваната видео конференција. Се очекува американскиот претседател да му понуди неколку алтернативи на неговиот руски колега, но целта е да го притисне Путин да ги повлече воените трупи од границата со Украина, чиј број од 175 000 е загрижувачки и според Америка е потенцијална опасност за инвазија врз украинска територија. Во спротивно следуваат моќни санкции.

Но, ваквите закани за Путин се провокација, а обвинувањата дека Москва планира напад врз Киеј е неодговорно однесување, посебно кога руската војска изведува вежби на Црното Море. Русија не се заканува на никој, но ги презема сите можни мерки за да ги сузбие заканите на своите западни граници кон кои НАТО опасно се доближи, вели Путин. Ќе бара од Бајден правно обврзување дека НАТО нема да навлезе на територијата на Украина, што е црвената линија за Русија. Но, аналитичарите се согласни дека од разговорите не се очекува некакво поместување.

Разузнавачките информации на Бајден велат дека на границата со Украина се распоредени над 170 илјади војници кои планираат инвазија во јануари. Долг ќе биде разговорот на светските лидери предвидуваат нивните соработници. Ќе разговараат и за сајбер безбедноста, за нуклеарната програма на Иран и другите проблеми. Односите помеѓу Мосвка и Вашингтон сѐ уште се непредвидливи. Сепак, двете страни се решени да постигнат можен напредок и да бараат баланс со цел да се спречи директна конфронтација.

Алиса Шутиноска