Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Воздушно патролирање над Северна Македонија

/

пред 1759 дена

Сподели преку :

На Меѓународниот аеродром Скопје и во воздушниот простор над главниот град денеска ќе биде организирана активност со цел демонстрирање на начинот на изведување на мисијата на НАТО за воздушно патролирање над Северна Македонија. За време на планираната активност јавноста ќе може да посведочи за начинот на кој се изведува воздухопловното патролирање, како и да се запознаат со борбените воздухоплови на НАТО Ф-16 и АВАКС кои ќе бидат вклучени во оваа активност.

На настанот ќе присуствуваат министерката за одбрана Радмила Шекеринска и гости од Собранието и Владата, како и командантот на НАТО– генерал потполковник Фернандо Де Ла Круз Каравака и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.