Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Денеска и утре нови он лајн средби на македонско – бугарската комисија за историски прашања

/

пред 1759 дена

Сподели преку :

Денеска и утре ќе биде одржана нова он лајн средба на Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски прашања. На последната средба не беа усвоени никакви решенија и препораки.

Членовите на Комисијата од македонската страна тогаш брифираа дека не биле усвоени решенија и препораки поради „исклучивиот пристап на колегите од Софија и нивното инсистирање да се наметне нивното гледање на минатото“. Според најавите на копреседавачот од бугарска страна Ангел Димитров денеска ќе се разговара за крајот на Првото бугарско царство, времето на цар Самуил и неговите наследници. „Но не останува време да разговараме за заедничкото чествување на двете држави на Гоце Делчев“, вели Димитров.