Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вардар го одржа првиот тренинг на 10. дена до почетокот на сезоната

/

пред 2257 дена

Сподели преку :

Две години во низ,Вардар нема излез на меѓународна сцена.Буџетот е во црвено,нема  финансиски ефектен трансфер на фудбалер од сопствените редови.Заштитното име на македонскиот фудбал преживува кризен период.Сергеј Самсоненко се повлече од клубот..Рускиот бизнисмен остави долг од преку 2 .милиони евра што треба да го подмири.Амбиент  што се одрази на сите полиња кај Црвено-црните. Во подобрите денови,вардарци ќе имаа повеќенеделни   подготовки надвор од државата со контроли против  реномирани екипи.Денеска на недела и пол  од мечот со Борец, се собраа во кампот во Хиподром.Тренерот Александар Васоски  прозиваше а беа присутни  само 6. играчи од шампионската екипа која во прекината сезона поради пандемијата, имаше плус 10. бода од второпласираната Шкендија. Мицевски,Најдовски,Илиќ,Реџепи,Цветановски и Попзлатанов  се појавија на првиот тренинг.Блажевски,Петковски и Велковски се повратници,Другите фудбалери на кои ќе смета Васовски се од младинскиот погон.Првото коло од новата сезона почнува на 9 август.