Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Асанж ќе биде есктрадиран во САД каде го чека казна од 175 години затвор

/

пред 1758 дена

Сподели преку :

Високиот суд на Велика Британија донесе одлука дека Џулијан Асанж може да биде екстрадиран во Америка, врз основа на жалбата на американската влада.

Американските власти поднесоа жалба на одлуката на британскиот суд од јануари годинава дека основачот на Викиликс не може да биде есктрадиран заради стравувањата поврзани со неговото ментално здравје.

Но апелациониот суд оцени дека опасноста Асанж да изврши самоубиство биле отстранета заради добиените гаранции од САД.

Според одлуката на апелациониот суд, Основниот суд го отфрлил американското барање заради опасноста Асанж да биде чуван во затвор со највисоки ограничувања за движењето доколку биде екстрадиран. Американските власти сепак испратиле гаранции дека против него нема да бидат употребени такви мерки.

Властите во Вашингтон го бараат Асанж заради јавното објавување на илјадници тајни документи во 2010-тата и 2011-тата година, со кои разоткри бројни скандали во работата на Пентагон и американската дипломатија.