Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ферстапен и Хамилтон најбрзи на тренинзите во Абу Даби

/

пред 1758 дена

Сподели преку :

Макс Ферстапен и Луис Хамилтон имаа најдобри резултати на првите два тренинга пред неделната трка за Големата награда на Абу Даби, последна во годинешното издание од Светскиот шампионат во формула 1.

Во првата сесија Ферстаепн комплетираше 23 круга, а неговото најдобро постигнување беше за 196 илјадити дела од секундата подобро од Валтери Ботас на Мерцедес додека трет со заостанување од три и пол десетинки беше Хамилтон. Меѓу петте најдобри се пласираа уште Серхио Перез и Јуки Цунода.

На вториот слободен тренинг најбрз беше Хамилтон чие време беше за 343 илјадитинки подобро од Естебан Окон, а третото место му припадна на Ботас.

Ферстапен во втората серија заврши како четврти, а петтата позиција ја освои тимскиот колега Перез.