Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Драги Георгиев за Телма: Двете страни се далеку од решение

/

пред 1758 дена

Сподели преку :

Нема договор и по денешната средба на македонските и бугарските историчари, за забелешките за учебниците по историја.

Македонските историчари велат дека остануваат разликите во пристапот и разбирањето на историјата и историското образование во современите општества. Тие велат дека по исцрпна дискусија, вториот ден покажа дека двете страни се сè уште далеку од решение кое би довело до подобрување на образованието и градење добрососедски односи, во кои различните толкувања на историјата нема да бидат пречка.

За тоа како помина состанокот, кој се одржуваше онлајн, Тамара Грнчароска разговараше со македонскиот претседавач на комисијата, Драги Георгиев.