Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Маж во Нов Зеланд примил 10 вакцини во еден ден, отворена истрага

/

пред 1757 дена

Сподели преку :

Здравствените власти на Нов Зеланд отворија истрага откако еден маж наводно 10 пати се вакцинирал против Ковид-19 во само еден ден, јавија локалните медиуми.

Се смета дека човекот бил платен да ги добие вакцините во име на други луѓе, јави денеска интернет сајтот „Stuff“.

Министерството за здравство сериозно го сфати ова прашање, изјави за „Stuff“ менаџерот за вакцина и имунизација за Ковид-19, Астрид Курнеф.

-Ние сме многу загрижени за оваа ситуација и работиме со соодветните агенции, рече таа.

„Да се има неточен вакцинален статус не само што ве става во ризик, туку ги става во ризик и вашите пријатели, семејството и заедницата, како и здравствените тимови кои ве лекуваат сега и во иднина“, додаде Курнеф.

Во Нов Зеланд луѓето не мора да покажат идентификација кога ја примаат вакцината.

Многу од бизнисите и објектите во земјата користат домашен сертификат за вакцинација што им овозможува пристап до посакуваните локации само на целосно вакцинирани лица.

Околу 89 отсто од жителите на Нов Зеланд се целосно вакцинирани.