Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се нормалиизра снабдувањето со струја во деловите од југозападна Македонија

/

пред 1757 дена

Сподели преку :

Се нормалиизра снабдувањето со струја во деловите од југозападна Македонија кои во текот на денот целосно останаа без електрична енергија или ја немаа со подолги прекини.

Од Центарот за управување со кризи велат дека едниот далновод е вратен во функција и се работи на остранување на сите дефекти. Но и заради големите врнежи од снег, на места и до 70 сантиметри, во делови од Западна Македонија има десетици отсечени села.

Сите дефекти во преносната мрежа се отстранети и обезбедено е редовно напојување со електрична енергија во делот на АД МЕПСО, велат од оваа компанија.

На овој начин нормализирано е снабдувањето со електрична енергија за жителите на Дебар, Ресен, Охрид и Струга, и околните населени места откако претпладнево поради невремето и снежните врнежи без напон останаа  110кV далекувод Вруток шпиље и 110кV далекувод Битола Ресен.