Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Продолжува триумфалната низа на Еуро Никел

/

пред 1757 дена

Сподели преку :

Во кошаркарското првенство на Македонија попладнево на програмата беа два натпревари. Еуро Никел ја продолжи триумфалната низа совладувајќи го Работнички со 95:77.

Кавадарчани со четвртиот триумф во низа се искачија на петтата позиција и се здржаа во трката за влез во разигрувањето за шампионската титула.

Најефикасен во победничката екипа со 24 поени беше Бранислав Џекиќ додека на спротивната страна прв стрелец со 25 поени беше Виктор Златевски.

Во вториот дуел одигран денеска Кожув триумфираше над Ангели со 105:67.

Десеттата рунда во шампионатот ќе се комплетира утре со одигрување на мечевите Куманово – МЗТ Скопје 2 и ФМП Академија – ТФТ Скопје.

ФОТО: Игор Паневски