Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За една седмица ќе заврши реставрацијата и конзервацијата на средновековната црква Свети 40 Севастиски маченици кај Банско

/

пред 1756 дена

Сподели преку :

По цели 35 години повторно се конзервира средновековната црква свети 40 Севастополски маченици кај селото Банско.  Струмичкиот музеј работи на заштита на ѕидовите со доградба и обнова на фугите кои според професорот Трајче Нацев на поголем дел биле оштетени над 90%. Нацев вели дека долгиот период од последната конзервација и атмосферските влијанија ги оштетиле ѕидовите на оваа ретка и значајна средновековна црква.

Црква била градена со специфична техника, позната за изградбата на средновековните цркви во струмичко. Станува збор за дрвен цирклаж во внатрешноста на ѕидовите што ја обезбедува цврстината на градбата.

Според остатоците пронајдени на археолошкиот локалитет се верува дека оваа црква била епископско седиште во средниот век.

Сузана Мицева