Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Приведен полицаец кој на криумчари со мигранти издавал каде има полициски патроли

/

пред 1755 дена

Сподели преку :

24-годишен полицаец од Неготино е уапсен затоа што наместо да ги гони криминалците им помагал и ги издавал своите колеги.

Полицаецот сега ќе биде предмет на истрага во обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поради поднесени кривични пријави за дела „Оддавање на службена тајна“ и „Злоупотреба на службена положба и овластување“.

Полицаецот соработувал со криумчари на мигранти и им давал информации каде има полициски патроли или ако тој бил на задача свесно ги пропуштал.

МВР објави соопштение за оваа акција во која учествувала и Внатрешната контрола:

-ОВР Неготино во содејство со Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против С.К.(24) од Неготино поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „Оддавање на службена тајна“ и „Злоупотреба на службена положба и овластување“, казниви по член 360 и член .353 од Кривичниот законик. По преземени оперативни мерки и активности било утврдено дека пријавениот-вработен како полициски службеник, давал информации на криумчари на мигранти каде има полициски патроли или ако тој бил на задача свесно ги пропуштал. Тој бил лишен од слобода и предаден во Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал. На С.К. му е одредена мерка притвор.