Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Снимателите на Телма на обука со професорот од САД Хуго Перез- Како животот во Чаршијата и кај Холидеј Ин да се пренесе најреално преку камерата

/

пред 1755 дена

Сподели преку :

-Да одиме во Старата Чаршија (Old bazaar), скопската уникатна и позната локација беше првата идеја на професорот по ТВ/новинарско снимање од Универзитет во Њу Мексико, Хуго Перез.

Претходно тој одржа обука на своите колеги-сниматели во ТВ Телма, им го презентираше сопственото практично искуство стекнато при известување од САД и Мексико, (бегалската криза на граница, војните на картелите, последиците на економската хипотекарна криза 2008-ма), а ги  ги презентираше новитетите во професијата телевизиско новинарско снимање.

Обуката беше дел од проектот „Зајакнување на локалните дописници за спречување дезинформации“, а беше наменета и за снимателите од Телма кои често соработуваат со дописниците особено во јавување во живо и линковско јавување.

Перез кој покрај сопствениот пристап кој го предава на младите студенти по новинарство, на снимателите им пренесе и совети за начинот како со своите снимки да ги доловат моментите во животот на обичните луѓе и што пореално да ги пренесат на гледачите , со уверлив и допадлив стил.

Додека во Чаршијата, за која слушнал и професорот од Њу Мексико, темата на репортерскиот прилог на Мартин Николовски беше последиците од корона-мерките врз локалната економија, уште во построг центар на Скопје, паркингот кај Холидеј Ин беше предизвик за да се долови звукот и сликата на новото градилиште на мега-објекти во пренатрупаниот град.

Теренската работа беше дополнување на теоретскиот дел на обуката, а репортерот Петар Догов ги соочи ставовите на противниците и на подржувачите на проектот со нови огромни згради во центарот на Скопје.

Обуката на снимателите и на репортерите беше дел од проектот за укажување на предностите на мобилното новинарство.

Mобилното новинарство е посебна техника која ќе припишува повисоко ниво на кредибилитет на вестите на ТВ, а исто така и на веб и социјалните медиуми. Овој начин на известување ќе придонесе и ТВ Телма да има повеќе информации и стории од другите градови и регионите во Северна Македонија и репортерите ќе добијат нови вештини и можности да работат како дописници.