Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МАЛМЕД: Од почетокот на пандемијата со Ковид-19 евидентирана е зголемена потрошувачката на антибиотиците

/

пред 1754 дена

Сподели преку :

Агенцијата за лекови и медицински средства согласно своите стратешки цели а во насока на заштита и унапредување на јавното здравје информира дека будно ја следи употребата на антибактериските лекови за системска употреба (антибиотици). Посочуваат дека од почетокот на пандемијата со Ковид-19 евидентирана е зголемена потрошувачката на антибиотиците.

Во интерес на јавното здравје и безбедната употреба на лековите од Агенцијата ги потсетуваат здравствените работници на насоките за рационално користење на антибиотици, нивна употреба согласно индикационото подрачје како и издавање на антибиотиците во аптеките исклучиво на лекарски рецепт. (согласно одредбите утврдени во Законот ).

– Антибиотиците се индицирани за третман на бактериска инфекција но не и вирусна. Апелираме до граѓаните да не користат антибиотици за превенција и третман на корона вирусот Ковид-19 на своја рака, по свое лично убедување и без претходна консултација со лекар или фармацевт, посочуваат од Агенцијата за лекови и медицински средствa.