Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Охридскиот пливачки маратон годинава нема да се одржи поради коронавирусот

/

пред 2256 дена

Сподели преку :

Традиционалниот Охридски пливачки маратон годинава е откажан поради пандемијата предизвикана од коронавирусот. Една од најстарите македонски спортски манифестации нема да се одржи за прв пат по 28 години.

Пливачката федерација на Северна Македонија на чие чело се наоѓа Александар Маленко, преку соопштение објави дека 34-тото издание на Охридскиот маратон е откажан. Покрај маратонот на 25 километри нема да се одржи ниту трката на 10 километри. Интернационалната пливачка федерација ФИНА исто така ја откажа целата светска маратонска серија почитувајќи ги препораките на Светската здравствена организација.

Сепак од ПФСМ велат дека следната година маратонско пливање во Охрид сигурно ќе има. Веќе е закажан и датумот за Охридскиот маратон во 2021 година, а тоа ќе биде 21 август, додека трката на 10 километри ќе се одржи една недела подоцна. Покрај овие два маратони, Охрид ќе биде домаќин и на неколку други трки и натпревари со цел овој град да стане еден од трите светски центри за пливање и далечинско пливање.