Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

БЕСА бара предвремени избори по одлагањето на стартот на преговорите со ЕУ

/

пред 1753 дена

Сподели преку :

Откако вчера Советот за општи работи на ЕУ не одобри старт на преговорите за членство на земјава во Унијата,  Движењето БЕСА бара предвремени парламентарни избори.

„Им дозволивме на владините експоненти со помош на некои политичари да го претстават нивниот филм дека Северна Македонија ќе добие датум за почеток на преговори со ЕУ. Недобивањето датум од страна на ЕУ, уште еднаш докажува дека оваа власт е делигитимирана и дека политичкото дејствување на Движењето БЕСА да не седи во власт со партии и експоненти кои криминалот и корупцијата сакаат да ги покријат со евроинтеграциите. Заробувањето на државата и тенденциите за претворање во хибриден режим се доволен доказ дека што побрзо земјата треба да оди на предвремени избори и легимитетот да го врати кај народот и оттаму да изникне новиот политички легитимитет во избраното мнозинство од страна на граѓаните“ – изјави Фарук Авдиу, портпарол на БЕСА.