Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Унгарија го откажа конзулството на скопската градоначалничка Данела Арсовска

/

пред 1753 дена

Сподели преку :

Скопската градоначалничка Данела Арсовска повеќе не е почесен конзул на Унгарија. Ова откажување од дипломатските води, Арсовска го најави уште во време на изборната кампања, доколку стане градоначалник.

-Во врска со Вашите прашања Ве информираме дека во ноември месец, 2021 година, Министерството за надворешни работи е известена од Амбасадата на Република Унгарија за откажување на Данела Арсовска од позицијата Почесен конзул на Унгарија во Република Северна Македонија со седиште во Штип, ни одговорија од МНР на прашањето за статусот.

Од куќата на дипломатијата нема попрецизни одговори на кој датум во ноември се случило откажувањето на дипломатската позиција на Арсовска.

Арсовска стана почесен конзул на Унгарија во јуни оваа година, а седиштето на конзулатот беше во Штип.

Во време на предизборната кампања, политичките ривали од СДСМ дипломатскиот статус на Арсовска го поврзауваа со политичкиот азил на избеганиот поранешен премиер Никола Груевски.

Пред крај на кампањата таа најави дека ќе се откаже од таа функција, а по победата на 31-ви октомври и преземањето на функцијата на 8-ми ноември, откажувањето е реализирано.

Миомир Серафиновиќ