Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пендаровски не го променил неговиот став во врска со Отворен Балкан, за соопштението на Заев смета дека е дело на неговите ПР стратези

/

пред 1752 дена

Сподели преку :

Претседателот Стево Пендаровски во гостувањето на Топ Тема ги коментираше забелешките на премиерот дека го променил ставот во врска со иницијативата Отворен Балкан, и особено последниот пасус од соопштението на Заев.

Премиерот Зоран Заев е зафатен со примопредавањето на кормилото во партијата и владата и претпоставувам дека не ги следи политичките изјави до крај и дека нема време. Се сомневам дека некој од неговите познати ПР советници или стратези му сугерирале да напише една таква небулоза во соопштението, рече Пендаровски.

Вели дека неговите забелешки за иницијативата ги изнел за време на лидерската средба во 2019 година и сѐ уште стои зад нив. На таа средба 2 часа разговарале за иницијативата и Заев ги убедил сите дека идејата позади нејзе е да ги пренесе четирите европски слободи, за посесно поминување на границите и економска соработка.

До овој момент, Отворен Балкан, според моето убедување, е останат во овие рамки. Не се бави само со политика, не се бави со реинкарнирање на некакви форми кои порано не се покажаа како неефикасни за нас. До овој момент Отворен Балкан не оди контра Берлинскиот процес, иако има некои шумови во одредени важни европски главни градови. Се додека е така, ќе ја има мојата подршка, рече Пендаровски.

Според него структурна слабост на иницијативата е тоа што само половина од државите во регионот учествуваат во неа, а останатите три, Косово, БИХ и Црна Гора немаат намера да влезат. Исто така претседателот претпочита таа да стане дел од берлинскиот процес, а не да оди паралелно со него.