Премиерот Зоран Заев ќе ја депонира оставката во Собрание во среда, информира за Телма висок функционер на СДСМ.
Оставката ќе ја поднесе по годишното обраќање на претседателот Стево Пендаровски што е ден пред седницата за пратенички прашања. Пратениците нема да имаат можност да му поставуваат прашања. Во оставка ќе биде и цела Влада.











