Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

27 луѓе загинаа во пожар во Осака

/

пред 1751 дена

Сподели преку :

Најмалку 27 луѓе загинаа во пожар кој избувнал во психијатриска болница во центарот на Осака. Полицијата истражува дали пожарот бил намерно подметнат. Жртвите настрадале од задушување од чадот. Пожарникарите успеале преку прозорците да евакуираат голем дел од луѓето кои биле во зградата.

Јапонските медуми повикувајќи се на сведоци јавуваат дека постар маж во зградата донел торба од која истекла запалива течност и која потоа се запалила.

Пожарот избувнал во 10 часот по локално време.  Во зградата се сместени клиника, училиште за англиски јазик и други фирми, но за среќа пожарот не се проширил во другите простории.

Мобилизирани се вкупно 70 противпожарни возила за гаснење на пожарот, кој во најголем дел бил изгаснат во рок од половина час по повикот на брзата помош.