Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лазаров ќе прозива на 22 декември: Закажaни контроли со Кувајт и Израел

/

пред 1751 дена

Сподели преку :

Ракометната репрезентација на Македонија на 22 декември ги почнува подготовките за Европското првенство во Унгарија и Словачка во јануари идната година. Нашиот тим ќе одигра вкупно четири контроли пред настапот на континенталниот турнир.

Селекторот Кирил Лазаров го скрати поширокиот список на 24 ракометари со кои ќе ги започне подготовките идната среда во Скопје. Очекувано, нема поголеми изненадувања, па покрај стандардните играчи како Филип Талески, Стојанче Стоилов, Никола Митревски, Филип Кузмановски, Гоце Георгиевски, Жарко Пешевски, Филип Миркуловски и Никола Маркоски, повикани се и неколку млади играчи како Игор Ѓорѓиев, Марко Митев и Кристијан Симоноски, а по подолго време се враќа и искусниот Гоце Ојлески.

По собирот во Скопје, репрезентацијата ќе замине во Маврово, каде ќе ја одработи и првата фаза од подготовките. Првите две контроли ќе бидат со Кувајт на 27-ми и 29-ти декември. По новогодишните празници тимот ќе се врати во главниот град каде на 3-ти и 4-ти јануари ќе одигра уште два натпревари со Израел пред заминување на ЕП

На континенталниот турнир Македонија ги почнува натпреварите на 13 јануари со Словенија, два дена подоцна се среќава со Црна Гора, а на 15 јануари ќе ги одмери силите и со фаворитот Данска.

Прогрес во главната фаза на Европското првенство обезбедуваат првите две репрезентации од групите.