Алтернатива утре ќе решава за кадровските решенија во новата влада изјави вечерва во Топ Тема партискиот потпретседател Лулзим Алиу.
“За утре е закажано централното раководство и тој е органот од кај што ќе треба да поминат сите предлози а нив ги дава претседателот на партијата и ако нема некоја забелешка, централното раководство ќе ги усвои тие предлози” – изјави Алиу.











