Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нови Ковид протоколи во Премиер лигата

/

пред 1750 дена

Сподели преку :

И покрај се поголемиот број на инфицирани со корона вирусот во Велика Британија, Премиер лигата нема намера да ја прекине сезоната и фудбал во Англија ќе се игра и за време на празниците, но Ковид протоколот има неколку измени.

Новите мерки кои ги предложи британската влада може да направат сериозен хаос во Премиер лигата. Според најновите препораки фудбалерите кои се невакцинирани, а имале контакт со заболен од Ковид-19 ќе мора да заминат во десетдневна изолација без разлика дали имале негативен резултат на тестирањата.

Поради оваа одлука извршниот директор на Премиер лигата, Ричард Мастерс побара од клубовите да се обидат да ги убедат играчите да се вакцинираат во најкус можен рок.

И покрај одредени притисоци Премиер лигата да се прекине, тоа нема да случи и на сола се уште важи правилото да нема одложување на натпреварите се до моментот додека клубот на располагање има 14 фудбалери.