Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Петков и Мицотакис на средба во Софија

/

пред 1748 дена

Сподели преку :

Премиерот на Бугарија Кирил Петков ќе го прими грчкиот премиер Киријакос Мицотакис кој е во посета на земјата на покана на неговиот бугарски колега, соопшти прес-службата на бугарската влада.

Тоа е прва посета на странски премиер на Бугарија откако новата бугарска влада стапи на функција пред една недела.

Двајцата премиери ќе разговараат лице в лице во зградата на Министерскиот совет, по што ќе следи средба на делегациите на бугарската и грчката влада.

Петков и Мицотакис ќе разговараат за билатералните односи меѓу Софија и Атина и можностите за нивно уште поактивен развој, а ќе разговараат и за имплементација на гасниот интерконектор што ги поврзува Бугарија и Грција, кој се очекува да профункционира на 1 јули 2022 година.

Меѓу другите прашања се очекува да се разговара и за регионални теми од заеднички интерес, како и за актуелни прашања од европската агенда на Западен Балкан.

Во бугарската владина делегација се вицепремиерот за фондови на ЕУ и министер за финансии Асен Василев, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска и шефицата на политичкиот кабинет на премиерот Лена Бориславова.

По разговорите во Советот на министри, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ќе биде примен од претседателот на Бугарија Румен Радев, со кого се сретна и разговараше на Советот на ЕУ на 16 декември во Брисел.